Skip to main content

Шкендија очекува нова победа во Конференциската лига

Екипата на Шкендија е подготвена за уште еден европски предизвик против Јагјелонија во Скопје,

Тренерот Јетон Беќири ќе го има целиот тим на располагање

„Нормално дека го анализиравме противникот, се работи за исклучително квалитетна екипа која доаѓа од квалитетна полска лига. Тие се доминантни во последните години, но ние во Скопје играме добро. Јагјелонија  мал фаворит на хартија, ние ќе ја предадеме улогата, но ќе се обидеме да покажеме добра игра, да бидеме на нашиот максимум и на крајот се надеваме дека ќе имаме добар резултат. Очекувам поинаков меч од оној со Шелбурн, затоа што Јагјелонија има поинаков стил на игра. Верувам дека се поквалитетни од Шелбурн, но ова е еден меч, а во такви дуели решаваат мали детали. Ако имаме концентрација, ако креираме шанси и да ги користиме, можеме да извлечеме добар резултат.