Skip to main content

Шампионскиот Ливерпул полека се распаѓа

– Репрезентативецот на Шкотска Енди Робертсон на крајот од сезоната ќе го напушти шампионскиот тим на Ливерпул. Тој е уште еден од играчите со две освоени титули во Премиер лигата што го напушта Енфилд.

32-годишниот играч како слободен играч заминува од клубот откако му истекува договорот. Тој ќе биде вториот фудбалер по Мохамед Салах, од ерата на Јирген Клоп што заминува. Робертсон во Ливерпул дојде од Хал за осум милиони фунти и досега има одиграно 373 натпревари.

Покрај двете шампиони титули во Англија има шампионски пехар во Лигата на шампионите, ФА куп, два Лига купа, Светско клупско првенство и УЕФА Супер куп.

– Никогаш не е лесно да се напушти клуб како Ливерпул. Беше голем дел од мојот живот и животот на моето семејство овие девет години. Имав шанса да заминам и порано, но сепак овој клуб имаше голема важност за мене. Сметам дека сега е вистинскиот момент да го направам следниот чекор во кариерата, изјави популарниот Енди.

За Робертсон има голем интерес, а во трка за негов потпис се Наполи, Јувентус, Атлетико Мадрид и Тотенхем, додека враќање во Шкотска сега не варијанта

Поврзани вести