
СДС наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа.Во моментов, владините институции активно работат на справување со состојбата и преземаат мерки за нејзино целосно стабилизирање во Гостивар. Бројот на граѓани кои бараат медицинска помош континуирано се намалува, што укажува на подобрување на состојбата, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Деновиве се очекува да биде воспоставено редовно и безбедно водоснабдување со технички исправна вода.Наместо да ги земе предвид овие факти, СДС во своите дневнополитички настапи пласира неточни и непрецизни информации, користи застарени извештаи и се обидува да создаде чувство на несигурност и паника кај граѓаните, иако состојбата во рекорден рок се стабилизира.
Дополнително, и покрај нивните тврдења дека водата во Валандово не е безбедна за пиење, вонредните анализи ги демантираа тие наводи.
Ова не е првпат СДС да биде демантирана со официјални факти. Сепак, продолжува со ширење лаги и дезинформации, со цел да создаде неоснована загриженост кај јавноста.
Наместо да се занимаваат со спинување на информациите и ширење на паника, треба да побараат одговорност од Валбон Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари штитат градоначалник од нивни редови, кој нема никаков морален компас и кој не се смета за виновен за ситуацијата во Гостивар.
Граѓаните да бидат спокојни, затоа што владините институции преземаат конкретни мерки за стабилизирање на состојбата во Гостивар и процесот на нормализирање на состојбата е при крај.

Македонски



