Skip to main content

Велковски: Институциите мора да ги активираат механизмите за помош за најранливите граѓани

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, предупреди дека за време на топлотни бранови, студени периоди и други ризични ситуации, најголем товар носат бездомните лица и социјално ранливите граѓани.

Тој посочи дека институциите треба навремено да ги активираат механизмите за поддршка, во координација со Црвениот крст и останатите надлежни организации, а информациите за достапната помош да бидат јавно објавени.

„Поддршката има вистинска вредност само кога е достапна во моментот кога е најпотребна“, порача Велковски.

Според него, грижата за најранливите категории граѓани бара брза реакција и координиран пристап, особено во услови на екстремни временски непогоди.

Поврзани вести