
Драган Мијалковски синоќа во Градски парк сподели емотивна посвета за градот кој останал негова вечна инспирација. Легендарниот македонски пејач со стихови му се обрати на Скопје, градот во кој е роден и со кој го поврзуваат бројни спомени.
Концертот ,,Скопје радост моја” кој се одржа на денот на катастрофалниот земјотрес, не беше прослава на еден настан, туку почит кон животот што победи, на сите генерации што не дозволија трагедијата да го одземе духот на Скопје, туку продолжија да создаваат, да се дружат, да сонуваат и да градат подобар град.

Со безвременските песни на Драган Мијалковски бројната публика во Градскиот парк во Скопје се потсети на едно Скопје кое знаеше да ја претвори тишината во музика, а болката во сила.о, помодерно и полно со живот.

Македонски



