
ВМРО-ОКГ се фали со извоз на земјоделски производи од 417 милиони евра. Тие резултати ги остварија земјоделците. Сами. Со мака, без вистинска поддршка од државата, се наведува во соопштението од СДСМ.
Субвенциите доцнат или ги нема. Откупот е намален. ИПАРД е блокиран. Горивото и ѓубривата поскапеа, а мерки немаше.
Земјоделците работат во тешки услови, а власта сега ги презентира нивните резултати како свој успех. Да имаше државата реална политика, Македонија повторно би можела да го храни регионот. Наместо тоа – изолација и фалби со туѓата работа. Eкономски колапс во Македонија.
За две години оваа власт:
• ја задолжи државата со околу 2,5 милијарди евра,
• странските инвестиции паднаа за повеќе од 60%,
• минималната плата не е зголемена,
• потрошувачката кошница продолжи да расте,
• инфлацијата ги топи платите и пензиите,
• младите масовно ја напуштаат земјата.
Владата нема резултати. Има само пропаганда.
Се фали со туѓи успеси, а сопствените промашувања ги крие зад бројки и спинови. Земјоделците работат. Граѓаните преживуваат а ВМРО-ОКГ се фали. Тоа е целата економска политика на оваа власт“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонски


