Skip to main content

Победа казнета: ФФМ не простува нереди во Прилеп

 – Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика.

Прилепчани ќе треба да платат и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери по натпреварот со Шкендија од Арачиново во Втората македонска фудбалска лига.

Другите одлуки се:

– Ивица Глигоровски, кондициски тренер на ФК Силекс АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец;

– Тони Мегленски, помошен тренер на ФК Вардар АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец;

Поврзани вести