
Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул се одржа панел дискусија „Исар – Марвинци: Градот над Вардар низ вековите“, реализирана по повод Меѓународниот ден на музеите, на која беше претставен проектот на Археолошкиот музеј на Македонија посветен на еден од најзначајните археолошки локалитети на македонско тло.
Упатуваме особена благодарност до археолозите и истражувачи од Археолошкиот музеј на Македонија: д-р Перо Араџанлиев, д-р Славица Бабамова и м-р Јане Клековски, за нивните инспиративни предавања и претставувањето на најновите сознанија поврзани со локалитетот, како и до Елена Рафајловска за визуелната и техничката поддршка при реализацијата на панелот.
Во рамките на настанот беше отворена и изложба посветена на Исар – Марвинци, преку која посетителите имаа можност поблиску да се запознаат со богатото археолошко и културно наследство на античкиот град.
Благодарност до сите посетители и пријатели на Центарот за интересот и поддршката

Македонски


