Skip to main content

ДУИ бара итна оставка на министерот за внатрешни работи зашто полицијата реагирала за сквернавењето македонски знамиња

Демократската унија за интеграција бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи поради неоправданата и безпреседан полициска интервенција за време на синоќешните прослави на Денот на албанското знаме.

Како што велат од ДУИ, таа интервенција не само што ги попречила мирните и традиционални манифестации на Албанците, туку предизвикала непотребни тензии и инциденти кои ја нарушиле меѓуетничката хармонија во земјата.

Дополнително, денес сме сведоци на селективен и пристрасен пристап од страна на органите на редот. Додека граѓаните албанци кои го запалија државното знаме се приведени и казнети, оние кои го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој дискриминаторски и неправеден пристап е неприфатлив и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции, дополнително продлабочувајќи ги поделбите и тензите во општеството.

Министерот за внатрешни работи не успеа да обезбеди праведен и професионален пристап кон овие инциденти, покажувајќи неспособност и недостаток на одговорност за справување со меѓуетничките ситуации со потребната внимателност. Поради ова, бараме неговата итна оставка.

Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и достоинството на Албанците, како и на зачувувањето на соживотот и стабилноста во Република Македонија. Нема да толерираме институциите на државата да се користат за дискриминаторски политики кои ги нарушуваат правата на граѓаните и меѓуетничкиот соживот“, се вели во соопштението на ДУИ.

Поврзани вести