По десет години Мауро Икарди и Ванда Нара дефинитивно решија да стават точка на бракот.
Својата врска ја започнаа со скандал, а на ист начин решија да ја прекинат. Во 2013 година Ванда го остави сопругот Макси Лопез со кој има три сина и се омажи за неговиот пријател Икарди со кој подоцна роди две ќерки.
Бројни интриги, скандали и афери го одбележаа и вториот брак на атрактивна Аргентинка.Нивната врска е во сериозна криза од октомври 2021 година, кога атрактивната русокоса дознала дека нејзиниот љубовник и бил неверен.
Своите валкани алишта ги пуштија во јавност и се чинеше дека меѓу нив се е готово, но успеаја да ја надминат кризата и да останат заедно.За жал, мирот не траеше… Две години подоцна конечно се разделија.
Во последната тужба Икарди ја обвини Ванда дека со години води двоен живот.
Фудбалерот ги покажа пораките кои ги разменил со мајката на Ванда, како доказ дека атрактивната русокоса со години го изневерувала.
Тој тврди дека нејзиниот љубовник бил поранешниот соиграч од Интер, Кит Балда.
„Таа спиеше со еден од моите поранешни соиграчи во мојата куќа во Милано. Не заборавајте дека се борев за нашето семејство, а таа водеше двоен живот три години и сега излегува со тој тип“, гласи пораката.