
Италијанската лизгачка на мраз Иларија Дентела привлекува внимание со лизгање на замрзнати езера, што резултира со импресивни снимки кои бележат милиони прегледи на мрежите.
Дентела е во исто време италијанска инфлуенсерка и креаторка на дигитална содржина која стекна голема популарност токму благодарение на импресивните видеа од лизгање на атрактивни, честопати екстремни локации.
Таа е родена во 2003 година во Милано. Лизга уште од мала, а со текот на годините ја комбинирала вештината со модерни видео формати и естетика прилагодена на социјалните мрежи.
Токму оваа комбинација од спорт, природа и визуелно впечатливи снимки ги направи нејзините објави вирални.
Покрај лизгањето, Иларија споделува и содржини поврзани со патувања и секојдневниот живот на својот Инстаграм профил.
Неодамна, во интервју за италијанското Радио 24, таа зборувала за лизгањето и снимањето за мрежите и рекла:
Моите видеа прикажуваат необична, речиси магична сцена, која често обезбедува момент на смиреност и слобода. Се обидувам уште повеќе да го вронам гледачот нагласувајќи го звукот на лизгалките што се лизгаат по мразот”.
Таа се присетила и како почнала да снима:
Еден ден, без да размислувам за социјалните мрежи, решив да се снимам себеси додека лизгам. Видеата беа оригинални, беа ценети и јас продолжив“.

Македонски



