Skip to main content

Скандал ја тресе гранцуската ракометна федерација

Freepik

Француската ракометна федерација е на работ на катастрофа, соочувајќи се со сериозна институционална и финансиска криза, јавија тамошните медиуми.

Според извештајот на поранешниот главен сметководител, институцијата е погодена од „алармантни внатрешни дисфункции“ кои ја доведоа до историски финансиски дефицит.

Во извештајот се наведува дека федерацијата има финансиски дефицит од 2.318.942 евра во 2024 година – најголем во нејзината историја. Покрај тоа, речиси осум милиони евра во готово исчезнале во последните две години, што предизвикува голема загриженост во ракометните кругови во Франција.

Извештајот открива дека неколку вработени и поранешни членови на федерацијата поднеле обвинувања за морално вознемирување. Критиките се насочени кон извршниот директор Лоран Фрео, кој е обвинет за „лошо управување“ и повеќе од 20 отпуштања на вработени од 2022 година.

Како одговор на кризата, Оливие Буи, претседател на Националната комисија за судии, поднесе оставка, обвинувајќи ја федерацијата за мешање во автономијата на судиите.

Францускиот ракомет, кој доминираше на европската и светската сцена во последните десет години, сега е во една од своите најтешки внатрешни битки.

Поврзани вести