Skip to main content

Минимален пораз на ракометарите во вториот дуел со Јапонија

rakomet - makedonija - japonija

Македонската машка ракометна репрезентација претрпе пораз од 31-32 на вториот дуел од двомечот со Јапонија што беше одигран попладнево во салата во Куманово.

Серафимов беше прв стрелец во нашиот табор со седум гола, преку Костески и Кузмановски со по четири погодоци, додека Томовски имаше 14 одбрани на овој натпревар.

фото: Република

За разлика од првиот натпревар меѓу овие две селекции кој беше од затворен карактер, денешниот меч беше отворен за публика, кумановци можеа на дело да ги видат нашите најдобри ракометари.

Натпреварот изобилуваше со пресврти, водевме во поголем дел од мечот, но на крајот кога се решаваше победникот Јапонија беше подобра.

Фото: Република

Поврзани вести