Skip to main content

Македонија со две судиски двојки на ЕП!

Freepik

Европската ракометна федерација (ЕХФ) номинираше дури две наши судиски двојки меѓу 18-те кои ќе делат правда на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Се работи за двојките Начевски/Николов и дебитантите Митревски/Тодоровски

Покрај најдобрата светска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, чие присуство на големите натпреварувања е веќе стандард, вистинската вест е дебитантскиот настап на втората македонска двојка: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

За Начевски и Николов, ова е само уште една потврда на нивниот статус како најдобри во светот, додека за Митревски и Тодоровски, ова е круна на нивната напорна работа и доказ дека македонското судење има светла иднина.

Поврзани вести