Skip to main content

Кире Лазаров повика нов ракометар

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за пријателскиот дуел со Австрија повика нов играч. Пикерот на Вардар Кристијан Атанасовски доби прв повик за настап во сениорската репрезентација.

Тој треба да го пополни испразнетото место на Марко Стојковиќ.

За оваа акција во рамки на ЕХФ неделата селекторот Лазаров уште претходно објави дека нема да смета на искусните: Маркоски, Митревски, Пешевски како и повредениот Ѓорѓиев.

На мини подготовките кои почнуваат утре (17.март) селекторот Лазаров на располагање ќе има 19 ракометари. Дуелот со Австрија македонскиот национален тим го игра на 21.март во Брегенц. 

Поврзани вести