Skip to main content

Германија „тргна“ со победа во втората фаза на Европското првенство

Ракометната епрезентација на Германија со победа ја стартуваше втората фаза од Европското првенство. Германските ракометари ја совладаа Португалија со 32:30 и сега имаат четири бодови во групата, а Португалија остана со два.

Натпреварот од групата 1 беше максимално изедначен, а ниту една репрезентација не успеа да оствари водство поголемо од два разлика. Резултатот често беше нерешен, а Германија од средината на вториот дел дојде до предност од два гола што се покажа како решавачка.

Франциско Кошта од Португалија со 10 голови беше најдобар стрелец, додека кај Германија Миро Шлуроф постигна 7. Голманот на Германија Андреас Волф имаше 13 одбрани, а голманите на Португалија вкупно 6.

Во истата група, Норвешка ја совлада Шпанија со 35:34.

Во првото коло од втората фаза играат и Данска – Франција.

Поврзани вести