
Норвежанката Ана Одина Стром победи вечерва на големата скокалница на Олимписките игри 2026.
Дваесет и седумгодишната Стром освои 284,8 поени по двата скока. Ова е трет медал за Стром на Олимписките игри во Италија, претходно таа освои злато на малата скокалница и сребро во мешано екипно натпреварување.
Норвешката Еирин Марија Квандал заврши втора (282,7 поени), додека Ника Превц од Словенија го освои третото место (271,5).
Пласман на десетте најдобри:
1. Ана Одина Стром (Норвешка) – 284,8 бодови (136,7 + 148,1)
2. Еирин Марија Квандал (Норвешка) – 282,7 (140,6 + 142,1)
3. Ника Превц (Словенија) — 271,5 (128,3 + 143,2)
4. Фрида Вестман (Шведска) – 265,4 (126,0 + 139,4)
5. Сиље Опсет (Норвешка) – 262,6 (131,8 + 130,8)
6. Хајди Дире Трасеруд (Норвешка) – 259,1 (129,6 + 129,5)
7. Лиза Едер (Австрија) – 257,6 (116,0 + 141,6)
8. Нозоми Марујама (Јапонија) – 257,0 (125,6 + 131,4)
9. Ника Водан (Словенија) — 254,9 (117,9 + 137,0)
10. Агнес Рајш (Германија) – 244,2 (116,2 + 128,0).

Македонски



