Skip to main content

Во Битола се одржа поединечно Државно првенство во бокс

Фото: МИА

Нови државни прваци има во кадетска конкуренција за боксери кои се натпреваруваа во конкуренција до 40, 42, 46, 48, 50, 52, 57, 60 и 70 килограми, во јуниорска конкуренција до 40, 54, 57, 60, 63, 66, 70 и 80 килограми, потоа во младинска конкуренција каде новите македонски шампиони се во категоријата до 57, 67, 71, 80 и 86 килограми, како и во сениорска конкуренција каде титулата најдобар македонски боксер ја освоија боксери во конкуренција до 60, 67, 75, 80 и 92 килограми.

Во Битола се одржа 30. Државно првенство во бокс на кое вчера во полуфиналето и денеска во финалето, настапија боксери од 16 македонски боксерски клубови.

Со одлука на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) за најдобар боксер на првенството е прогласен Ален Рустемовски, боксерот Арбел Рустемовски е прогласен за најдобар техничар, признанието за најдобар судија му беше доделено на Мејдин Бајрамов, а дуелот меѓу боксерите Мачковски и Стојменовски беше прогласен за најборбена пресметка.

Учесниците на Државното првенство беа поздравени од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на БФМ, Кристијан Андреевски кој на репрезентативците освојувачи на медали на неодамнешното Балканско првенство во бокс што се одржа во српскиот град Лозница им додели парични награди.

Домаќин и организатор на шампионатот кој се одржа во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“.