Skip to main content

В недела навиваме за нашите одбојкарки против Грција

 Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија в недела од 20 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје е домаќин на Грција во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026.

Девојките се подготвени да направат чекор напред во однос на нивната игра и претставувањето на теренот особено што имаа одлични двонеделни подготовки (една во Маврово и една во Скопје).  

– Мотивацијата е на повисоко ниво од претходните настапи, затоа што веќе „почнавме да играме“ – ако може така да се изразам. Сега кога знаеме како можеме да играме, ни следат дуели со уште поквалитетни репрезентации. Тоа носи уште поголема инспирација да се покажеме во најдобро светло. Направивме добра анализа, добри подготовки и наше е да одиграме најдобро што можеме. Играме за нас самите, свесни сме дека резултатски немаме што да загубиме. Истовремено овие натпревари може да ни дојдат и како добра увертира за следниот циклус, во кој се надевам дека ќе одиме чекор напред. Сигурна сум дека на престојните натпревари ќе понудиме уште подобра игра од онаа во Европската лига, особено на првиот меч во Скопје – децидна е Тамара Стојанова.

Одбојкарките имаат уште два дена за тренинзи пред неделниот дуел со Грција.  

Поврзани вести