Skip to main content

Светот има нова рекордерка на 10 километри

Кениската атлетичарка на долги патеки Агнес Нгетич го собори светскиот рекорд на 10 километри на денешниот митинг во германскиот град Херцогенаурах, станувајќи првата жена која ја истрча делницата за помалку од 30 минути во трка само за жени.

Нгетич, која има 24 години, истрча време од 29 минути и 27 секунди, соборувајќи го претходниот рекорд, кој го држеше Агнес Јебет Тироп, од 30:01, поставен во истиот германски град во 2021 година. Јебет Тироп трагично почина пред четири години.

Пред две години, Нгетич оствари време од 29:24 за 10 км, но рекордот не беше потврден бидејќи патеката беше пократка за 25 метри.

„Многу сум возбудена, не го очекував ова. Минатата година го промашив рекордот за две секунди, па сакав да дојдам денеска и да пробам повторно. Многу сум горда на себе. Откако ги пропуштив Олимписките игри минатата година, сакам да го надоместам тоа годинава на Светското првенство“, рече Нгетич.

Минатата година, Нгетич го собори светскиот рекорд на 10 км во Валенсија, станувајќи првата жена која ја истрчала делницата за помалку од 29 минути 28:46) во мешана трка.