
Стружанецот Ердал Лушо успеа да ги изедри неопходните 400 наутички милји без престан, и се квалификува за место помеѓу ретките луѓе во светот кои ќе бидат дел од легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“, каде сам ќе плови неверојатни 40 дена, во обид да го премине Атлантикот, од Португалија до Карибите.
На 1. ноември тргнува за Лисабон, а ако времето дозволи, официјалниот старт е закажан за 11. ноември 2025 година.
Напредокот можете да го следите на неговиот профил на Instagram, неговата веб страна, а преку whydonate можете и да го поддржите неговиот подвиг, а дел од средствата ќе бидат наменети и за поддршка на локалниот едриличарски клуб во Струга, ЕК „Снегар“, за купување на чамци и опрема потребни за одржување на едрењето за младите од градот.
извор: Охридњуз.мк

Македонски







