Skip to main content

Ставре Јада прв почнува: Познати се термините за настап на македонските олимпијци на ЗОИ 2026

Познат е распоредот на настапи на македонските олимпијци на ЗОИ 2026 година во Милано и Кортина, кој е потврден и од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Според распоредот, прв ќе се појави Ставре Јада утре (10 февруари) во 09:55 часот на спринтот во нордиско скијање (крос-кантри). На 13 февруари во 11:40 часот, пак, Јада ќе ја има трката на 10 километри.

Претходно, на 12 февруари од 13 часот, Ана Цветановска во нордиско скијање ќе ја има трката на 10 километри.

Во алпско скијање, Виктор Петков на 14 февруари ќе се натпреварува во велеслалом, а Јана Атанасовска 15 февруари ја очекува велеслаломската трка, а потоа на 18 февруари и слаломската трка

Македонските олимпијци се подготвени за достоинствено претставување на нашата држава. Да им ја дадеме потребната поддршка во нивниот пат кон олимпискиот успех“ – пишуваат од МОК на својот профил на Фејсбук.

Поврзани вести