
Вториот светски тенисер Јаник Синер се пласираше во второто коло на Австралија опен.
Во првото коло, Италијанецот го победи Французинот Уго Гастон, откако при резултат 6:2 и 6:1, 93. светски тенисер го предаде мечот.
Претходно, тој побара медицинска помош во првиот сет откако падна на лакт.
Противник на Синер во второто коло ќе биде победникот од дуелот Дино Призмиќ (Хрватска) – Џејмс Дакворт (Австралија).
Дваесет и четиригодишниот Синер е двократен шампион на Грен слемот во Мелбурн. Тој го освои турнирот во 2024 и 2025 година.

Македонски




