
Швајцарецот Фрањо фон Алмен е победник на машкиот спуст на Зимските олимписки игри Кортина Милано 2026.
Фон Алмен патеката во Бормио денес ја мина со време 1:51.61 минута, доволно да ги обедини светското и олимпиското злато.
Пред една година швајцарскиот алпски скијач беше најбрз на спустот во Залбах на Светското првенство.
На второто и третото место се најдоа домашните натпреварувачи Џовани Францони и Доминик Парис кои зад победникот заостанаа за 20, односно 50 стоти делови од секундата.
Еден од големите фаворити за највисок пласман, Марко Одермат остана без медал, завршувајќи на 4. место со 0,7 секунди побавно време од победникот.
Денешниот спуст е првата дисциплина на ЗОИ 2026 на која беа поделени медали.

Македонски



