
Шпанската ватерполо репрезентација е победник на во ватерполо турнирот на Светското првенство во водени спортови во Сингапур.
Во финалето, шпанската репрезентација ја победи Унгарија со резултат од 15:13.
За Шпанија, ова е четврта титула на Светските првенства во историјата.
Исто толку трофеи на Мундијалите имаат и Унгарија и Италија.
Во мечот за третото место, Грција ја победи Србија со 16:7.