Skip to main content

Сабаленка и Гоф ќе играат за трофејот на „Ролан Гарос“

Freepik

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка и Американката Коко Гоф попладнево ќе се соочат во финалето на Грен слемот во Париз.

Завршниот меч на женскиот дел на „Ролан Гарос 2025“ ќе биде дуел на првата и втората носителка на турнирот.

Вкупниот награден фонд на вториот од четири најголеми турнири во годината изнесува 56,4 милиони евра.

Женското финале на теренот „Филип Шатрие“ е закажно за 15 часот.

Утре во машкото финале ќе се сретнат Јаник Синер (Италија) и Карлос Алкараз (Шпанија).

Поврзани вести