Skip to main content

Расел: Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата битка со Антонели на претстојните трки

Facebook / George Russell

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, со нетрпение го очекува продолжувањето на шампионатот и ривалството со Андреа Кими Антонели на претстојните трки.

Воодушевен сум што се тркам со толку фантастичен совозач како Кими Антонели. Тој е неверојатно брз возач и го покажа тоа на секоја трка откако почнавме да се тркаме заедно во Мерцедес минатата година. Кими имаше фантастичен почеток на оваа сезона и со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата битка на претстојните трки. Мислам дека сите ние на таа возраст бевме многу возбудени за можностите за иднината, сонувајќи да станеме шампион во Формула 1. И јас сè уште се трудам да го остварам тој сон“, изјави Расел.

Следната трка од светскиот шампионат во Формула 1 ќе се вози на 3 мај во Мајами со почеток во 22 часот по македонско време.

Во пресрет на оваа етапа, лидер во Ф1 поредокот е Антонели со 72 бода, Расел е на второто место со 63. 

Поврзани вести