
Францускиот институт во Скопје организира предавање „(Дез)информации: историјат и предизвици”, кое ќе се одржи
во четврток, 21 мај 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Europe House – Скопје.
Предавањето ќе го одржи г-дин Фабрис Д’Алмеида, познат историчар и истражувач, предава историја на медиумите и пропагандата во Францускиот институт за печат (ФИП) при Универзитетот Париз II Пантеон, каде е и раководител на мастер студиите „Медиуми и глобализација”.
Низ историски и аналитички пристап, Д’Алмеида ќе ги истражи механизмите на дезинформацијата — нивното потекло, современите техники и начините на кои можеме да се заштитиме од нив. Ова предавање се впишува во настаните организирани за претставување на улогата на информацијата во дигиталната ера и нуди конкретни алатки за нејзино критичко читање.
Модератор: г-дин Грегоар Жислер, Директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка.
Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција.
За предавањето е обезбеден симултан превод.

Македонски


