
Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш.
Огромни честитки до Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој го заврши своето пливање во Каналот за неверојатно време од 9 часа и 43 минути. Евгениј е 3-кратен светски шампион и е примен во Меѓународната сала на славните за маратонско пливање. Има учествувано на 107 натпревари од светска класа во кариерата што траеше од 2007 до 2021 година. Неверојатно пливање Евгениј…..и благодарност до целиот екипаж на бродот, се вели во информацијата на Асоцијацијата на пливање преку каналот Ла Манш.
Пред Поп Ацев од македонските пливачи Ла Манш го препливаа: Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски.