Skip to main content

Објавени имињата на добитниците на наградата „8 Септември“ за остварувања во областа на спортот

На 5 септември (петок), во Кристалната сала на Собранието, во 10 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2025 година.

Јошко Миленковски е овогодишниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.

Наградите со кои што се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев.

Поврзани вести