
Стјуардите го казнија возачот на Ферари, Луис Хамилтон, по денешните квалификации за Големата награда на Монако.
Седумкратниот шампион во Формула 1 ќе изгуби три места на стартот поради блокирањето на ривалот од Ред Бул, Макс Верстапен. Судиите забележаа дека Ферари погрешно информирал Луис кажувајќи му дека Макс забавува, што не беше случај.
Британецот ја заврши сесијата како четврти. Верстапен, Исак Акар од Рејсинг Булс и Фернандо Алонсо од Астон Мартин ќе напредуваат едно место на стартната линија на сметка на Хамилтон.
Пол-позицијата ја освои возачот на Мекларен, Ландо Норис.