Skip to main content

На јуниорската велосипедска трка „Вуелта а Еспања“ загина шпански велосипедист

X /Vuelta

Младиот шпански велосипедист, 17-годишниот Иван Мелендес Луке, почина во масовен инцидент што се случи за време на втората етапа од велосипедската трката „Вуелта а Еспања“ во јуниорска конкуренција, поради што организаторите го откажаа остатокот од настанот.

Несреќата се случи на средина од втората етапа, која се возеше од Ланга де Дуеро до Лагуна Негра во покраината Кастиља и Леон (117,8 км), кога околу 20 возачи паднаа, од кои 18 беа хоспитализирани во Сорија, тројца со сериозни повреди, а Мелендес беше во најтешка состојба, подлегнувајќи им на повредите.

Состојбата на другите двајца тешко повредени возачи сè уште не е позната.

Вуелта Рибера (официјалното име на јуниорската Вуелта) ги прекинува своите активности поради смртта на велосипедистот. Нашите мисли и поддршка се со неговото семејство и пријатели“, објавија организаторите.

Ова е втора смрт на млад велосипедист ова лето, откако 19-годишниот Италијанец Самуеле Привитера почина за време на трката во Вал д’Аоста.