
Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Владата оствари средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој е во официјална посета на Македонија, на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. На средбата се разговараше за идните насоки за унапредување на фудбалот во Македонија, од реализација на значајни инфраструктурни проекти, до дополнителен развој и поддршка на младинските категории.

-Убеден сум дека оваа средба ќе придонесе за продлабочување на соработката преку нови конкретни проекти и иницијативи под капата на УЕФА, со цел создавање подобри услови за развој на фудбалот во Македонија на сите нивоа. Продолжуваме посветено да работиме за развој на македонскиот спорт и создавање услови за нови успеси – истакна Ристовски по денешната средба со првиот човек на УЕФА.
Посетата на Чеферин претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА и дополнително ја нагласува поддршката за развојните процеси во македонскиот фудбал.
Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата на УЕФА се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА.

Македонски


