
Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на нов инфраструктурен проект, експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој, како што рече, со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка преку изработка на физибилити студија и предпроектно решение.
„Ја користам оваа прилика да најавам уште еден значаен проект, тоа е експресниот пат Кочани-Виница-Делчево. Следната недела ќе биде распишан, јавен повик за изработка на физибилити студија на предпроектно решение практично со што отпочнуваме со реализација (на овој проект, тоа се од прилика процес од неколку месеци, а потоа со средства од буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции ќе биде објавен тендер за реализација по принципот на овој проект, којшто ќе биде многу значен, којшто е ветуван со години, но еве дојде ред да се реализира“, изјави Мицкоски.

Македонски

