Skip to main content

На „Филм под отворено небо” во Кочани гостуваат режисерот Цветановски и актерот Ангелов

Во рамките на „Филм под отворено небо“, публиката оваа година ќе има можност не само да ги гледа филмовите, туку и да запознае дел од уметниците зад нив. 

На настанот што започнува вечерва на Споменикот на слободата во Кочани и ќе трае до 17. мај,  ќе присуствуваат Гоце Цветановски — режисер на првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ и Игор Ангелов — актер и главен лик во култната комедија „Година на мајмунот“

Со нив ќе може да се  разговара за процесот на создавање филм, сцените зад камера, за интересни моменти од снимањата и за  македонската филмска сцена, а публиката ќе има можност и директно да поставува прашања и да биде дел од разговорот.

Ова е ретка можност македонскиот филм да се доживее не само на платното — туку и преку луѓето што го создаваат. 

Поврзани вести