
Репрезентацијата на САД попладнево ја победи Шведска во полуфиналето на Светското првенство со 6:2. Натпреварот се одигра во Стокхолм.
Головите за Американците ги постигнаа Брејди Ши, Катер Готје, Мајкл Ајсимон, Џексон Лакомб, Конор Гарланд и Шејн Пинто, кој имаше и две асистенции.
Вилијам Ниландер и Елиас Линдхолм ги постигнаа головите за Швеѓаните.
Репрезентацијата на САД стигна до финалето на Светското првенство за прв пат од 1960 година.
Американците во финалето ќе играат против победникот од натпреварот Швајцарија – Данска (почеток 18:20 за трофејот на Светското првенство во 2025 година, додека Шведска ќе се соочи со поразената селекција во натпреварот за бронзениот медал. И двата натпревари ќе се играат на 25 мај.