Skip to main content

Фрида Карлсон и го донесе првото злато на Шведска на ЗОИ 2026

Facebook / Frida Karlsson

Шведската скијачка Фрида Карлсон победи на скијатлонот на Олимписките игри 2026.

Таа го освои златниот медал со време 53:45.2 минути.

Се чувствував како машина. Никогаш не сум го сакала скијањето толку многу како денес. Не знам дали сè уште сум ја сфатила победата. Денес беше толку одлично, имавме одлични скии, сè беше беспрекорно. И сега сум на врвот“, рече Карлсон по победата.

Нејзината сонародничка Еба Андерсон заврши втора, 51 секунда зад победничката. Третото место го освои Норвежанката Хајди Венг.