Кошаркарскиот клуб Џокер од Сомбор реши да ја напушти АБА 2 лигата на сред сезона!Српскиот клуб ја донесе оваа шокантна одлука откако обезбеди пласман во Топ 8 фазата од натпреварувањето, како првопласирана екипа во својата група. Тимот на Сомбор беше пред тимовите на Подгорица, Широки Бријег и Пелистер.
„Им благодариме на клубовите од АБА лигата и АБА Лига 2 за нивната професионална, фер и коректна соработка, поради вонредните околности што го спречуваат клубот КК Џокер да се натпреварува до крајот на сезоната. Џокер го известил раководството на АБА лигата со официјален допис, испратен на 9-ти јануари. „Клубот објави дека е принуден да се повлече од понатамошното учество во АБА 2 лигата во сезоната 2024/25“, се вели во соопштението на лигата.
Во согласност со официјалните правила на ФИБА и прописите на АБА лигата, сите натпревари на Џокерите од првата фаза на натпреварувањето ќе бидат регистрирани со официјален резултат 20:0 во корист на нивните противници.