Легендата на Чикаго Булс и повеќекратен освојувач на НБА титула, Скоти Пипен, ја спореди својата кариера во однос на таа на Леброн Џејмс. Поранешниот кошаркар истакна дека имал подобра кариера од Џејмс, во однос на тимскиот успех.
Пипен беше прашан дали е најдобриот „сестран“ играч во историјата на НБА. Тој одговори дека е така, ако се гледа од тимска перспектива.
Моите успеси со тимот се поголеми од оние на Леброн. Имам шест титули“, изјави Пипен.
Потоа, поранешниот кошаркар беше прашан дали мисли дека сопствениците на франшизата во НБА ќе го изберат него наместо Леброн. Легендата на Булс истакна дека Џејмс „брка титули“ и се запраша дали индивидуалните награди се поважни од титулите.
Дали сакате индивидуални награди или титули, бидејќи знам дека не ги бркав моите“, рече Пипен.
И покрај коментарите на Пипен, Леброн и понатаму е еден од најдобрите играчи во лигата. Иако неодамна наполни 40 години, во 37 одиграни натпревари има просек од 23,8 поени, 7,4 скока и 8,9 асистенции.