Skip to main content

Македонските кошаркарски јуниори поразени од Израел на Европското првенство

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе нов пораз на Европското првенство во Белград. Поуспешни од македонските јуниори (играчи до 18 години) беа нивните врсници од Израел со 85:73. Резултат по четвртини: 26:16; 23:22; 22:22 и 14:13.

Првата четвртина која македонскиот тим ја загуби со десет негатива се покажа како решавачка особено што Македонија во текот на целиот натпревар се обидуваше да ја стигне предноста на противникот. Најблиску беше на две минути пред крајот кога намали на 73:77, но сепак избраниците на селекторот Горан Андреевски немаа сили за пресврт.

Најдобар во македонскиот тим беше Дамјан Данев со 23 поени и 8 скокови.

Македонија до крајот на шампионатот ќе разигрува за пласман од 13-16.место, а за опстанок во А дивизијата потребни се две победи во последните два натпревара.