
Пелистер постигна убедлива победа во скопската населба Маџари против екипата на Феникс со 95:80.
Ова беше четврта победа на исто толку средби за битолчани во календарската 2026 година кога станува збор за натпреварите во „МТЕЛ“ Супер лигата.
По нерешените (20:20), во првата четвртина, многу работи се сменија на теренот, во корист на гостите од Битола, затоа што втората четвртина ја одиграа скоро до перфекција избраниците на тренерот Борче Даскаловски. За десет минути направија огромни (29:13), и полувремето го дочекаа со високи (49:33).
Се беше полесно за нив во второто полувреме. Она во чиј трет дел натрупаа уште поголема позитива, имаа и плус 20 (76:56), пред последната четвртина. Сосема доволно за продолжение на победничката серија во вториот суперлигашки дел.
По одличниот почеток, Вилсон застана на ефект од 22 поени (и 6 скока). Го следеше Дејвис, кој дојде до двоен скор од 21 поен 10 скока, А двоен број на реализации имаа и Стајиќ, кој на 14 поени придодаде и шест асистенции (плус четири скока), и Малешевиќ кој финишираше со 10 поени) девет скока и три асистенции).
Кај Феникс 2010, кој не успеа да изненади уште еден фаворит за највисок пласман. Мејтус даде 14 поени (плус пет скока), Наумоски имаше 13 поени (и шест скока), додека Савиќевиќ и Дајсон поделија по 12 поени.
На вториот денешен натпревар од 15. коло, Ангели – Куманово 70:99.
Вечерва играат МЗТ Скопје и Гостивар.
Водечки на табелата се ТФТ и МЗт Скопје со по 13 победи и еден пораз.

Македонски



