Skip to main content

Joкиќ останува во Денвер, ќе се прави шампионски тим

Елиминацијата во првото коло од плеј офот во НБА во екипата на Денвер отвори многу прашања за екипата. Тимот од Колорадо загуби од Минесота и тоа е причина дополнително да се размислува за „освежување“ на составот. Екипата не ги искористи добрите „бројки“ на Никола Јокиќ.

Според вестите од американските медиуми, договорено е тренерот Дејвид Аделман да остане на позицијата, а како втора работа е останување на Јокиќ. Тој во јули ќе може да потпише нов четиригодишен договор и сите се надеваат дека тоа ќе се случи.

Во клубот се подготвени за разгледување на понуди за другите играчи, па и за Џамал Мареј, како и за центарот Ерон Гордон, кој сезонава одигра скромни 36 натпревари, а за него интерес има од Лос Анџелес Лејкерс, Бостон и Феникс. Сепак проблем може да биде неговиот договор, кој истекува за две години.

Како и да е во Денвер веќе се прават планови за шампионски тим

Поврзани вести