Шумскиот пожар кој беснее на повеќе локации во Лос Анџелес проголта се што ќе му се најде на патот, уништувајќи повеќе од 5.300 домови, вклучувајќи ги и домовите на тренерите на НБА, Џеј Џеј Редик и Стив Кер.
Нивните домови во Пацифик Палисадес беа целосно изгорени.
Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, на прес-конференција откри дека неговото родно место е збришано од лицето на земјата.
За среќа, неговата 90-годишна мајка била навреме евакуирана.