
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, оствари трипл-дабл во победата од 112:108 ноќеска над Филаделфија на гостински терен.
Дваесет и шестгодишниот Словенец постигна 31 поен, 15 скока и 11 асистенции.
Ова беше првиот натпревар на Дончиќ по раѓањето на неговата втора ќерка.
Претходно, словенечкиот кошаркар ги пропушти натпреварите на Лејкерс против Торонто (123:120) и Бостон (105:126).
Дончиќ одигра 17 натпревари во НБА сезоната 2025/26, со просек од 35 поени, 9,2 скока и 9,1 асистенции по натпревар.

Македонски







