Skip to main content

Дончиќ стана татко по вторпат, ова е Оливија (Фото)

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Лука Дончиќ, ги пропушти последните два натпревари на Лос Анџелес лејкерс бидејќи ја очекуваше приновата во семејството, а денеска со фановите ја сподели убавата вест.

Дончиќ на Инстаграм објави фотографија со која потврди дека по втор пат стана татко и на сликата е неговата новородена ќерка. Изминативе денови Словенецот престојуваше во својата татковина, каде што сопругата Анамарија на свет донесе уште едно девојче.

Веќе е позната и дека новото девоје во семејството на Дончиќ, ќе го носи името Оливија, што кошаркарот го откри преку објавата на социјалните мрежи.

Инаку, нивната прва ќерка се вика Габриела и се роди на крајот на 2023 година.

Поврзани вести