
Тимот на Лос Анџелес лејкерс ја победи Индијана во домашен натпревар од регуларната сезона на НБА со 128:117.
Словенецот Лука Дончиќ беше најзаслужен за победата на домаќините со постигнати 44 поени, девет скока и пет асистенции.
Лејкерси имаат скор од 38-25 (победи-порази) оваа сезона и се шести на табелата во Западната конференција.
Индијана го претрпе осмиот пораз по ред и е на дното на табелата во Источната конференција. Тимот има само 15 победи досега во сезоната.

Македонски

