Skip to main content

Дончиќ го сомле Денвер без Јокиќ

Лука Дончиќ им помогна на Лос Анџелес лејкерс да го победат Денвер нагетс ноќеска на гостински терен со 115:107.

Словенецот натпреварот го заврши со 38 поени, 13 скока, 10 асистенции и две украдени топки. Ова беше петти трипл-дабл за Дончиќ во тековната сезона. 

Воедно, тој го одигра својот седми натпревар оваа сезона со 35 поени, 10 асистенции и пет или повеќе скока, надминувајќи го Џери Вест (6).

Кошаркарот на гостите, Леброн Џејмс додаде 19 поени. За Денвер, плејмејкерот Џамал ​​Мареј беше предводник со 28 поени и 11 асистенции. 

На другите натпревари ноќеска во НБА лигата постигнати се следниве резултати: 
Филаделфија – Феникс 110;:116
Чикаго – ЛА Клиперс 138:110
Хјустон – Сан Антонио 111:106
Јута – Минесота 127:122
Голден Стејт – Торонто 127:145
Сакраменто – Мајами 117:130