
Лос Анџелес лејкерс триумфираше на гостински терен над Далас Маверикс со 116-110, предводени од Словенецот Лука Дончиќ, кој реализираше 33 поени, 11 асистенции и осум скокови против својот поранешен тим.
Во првото полувреме, Лејкерси го контролираа натпреварот и имаа највисоки +14, но Далас го сврте резултатот со феноменална трета четвртина и дојдоа до предност од идентични +14.
Сепак, Лејкерси прво возвратија со серија од 14:3, пред да му го зададат последниот удар на Далас во завршните минути.
Дончиќ одигра одличен натпревар во дуелот против својот поранешен клуб и даде најголем придонес во нанесувањето на првиот пораз на Далас по четири последователни победи.
Далас сега има ефект од 19-27, додека Лејкерс имаат 27-17.

Македонски




