Skip to main content
mt7QRK0Irtw

Ботевград во Бугарија виде евролигашка кошарка

 Кошаркарите на Хапоел Тел Авив го совладаа вечерва мадридски Реал со 76:69 (18:21, 16:15, 21:10, 21:23) како домаќини во Ботевград и намалија на 1-2 во четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата.

Елија Брајант и Крис Џонс со по 19 поени го предводеа израелскиот тим до првата победа во пресметката со шпанскиот гигант.

Најефикасен во редовите на Реал беше Треј Лајлс со 14 поени.

Габриел Дек додаде 11 поени, додека Факундо Кампацо постигна 10 поени.

Четвртиот натпревар од серијата до три победи е закажан за в четврток во Ботевград