
По размената на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс, НБА може да биде сведок на нова сензација. Според извештаите на американските медиуми, Јанис Антетокумпо, грчкиот репрезентативец, е пред напуштање на Милвоки Бакс и трансфер во Бостон Селтикс.
Медиумите наведуваат дека првите луѓе на Бостон ќе се обидат да го доведат Гркот со нигериско потекло за да можат Селтикс повторно да се вклучат во борбата за трофејот во НБА шампионатот.
Она што наводно не му се допаѓа на Јанис е уште една сезона под очекувањата на Милвоки. За потсетување, Бакс беа елиминирани во првото коло од плејофот, иако Антетокумпо покажа во тие натпревари дека е еден од најдобрите играчи во НБА.
Грчкиот кошаркар просечно постигнуваше 30,5 поени по натпревар со 11,9 скока, па неговото потенцијално заминување по 12 години поминати во Милвоки можеби не е толку изненадување.
Според информациите објавени од „ЕСПН“, Бостон е сериозен кандидат за доведување на Гркот.
Актуелните шампиони на НБА имаат талент, ресурси и шампионски менталитет, што ги прави посакувана дестинација за гореспоменатата суперѕвезда.
Мора да се погледнат тимови кои можат да направат размена што Милвоки би ја прифатил, но исто така да го задржат шампионскиот потенцијал. Бостон е сигурно еден од тие тимови. Мислам дека и Њујорк е сериозен кандидат, наведуваат од „ЕСПН“.